Македонија воодушевена од хуманоста на Зорица – бесплатен летен одмор во Трпејца за децата со посебни потреби, еве ги деталите (фото)

Дали Знаете, Македонија

Граѓанката Зорица Спасовска објави повик до родителите на деца со посебни потреби, нудејќи бесплатно сместување во апартмани во селото Трпејца, во близина на Охридското Езеро. Според објавата, сместувањето е достапно во периодот од 5 мај до 5 јули, а апартманите се наоѓаат веднаш до плажа.

Целта на оваа иницијатива е да им се овозможи одмор на семејствата кои не се во можност да си дозволат летување, објави 4news.mk Заинтересираните родители можат да стапат во контакт преку телефонскиот број наведен во објавата.

Овој хуман потег наиде на позитивни реакции во јавноста, при што граѓаните ја поздравуваат солидарноста и поддршката за ранливите категории.