Коњановски: улицата „СРУ 5“ добива модерна сигнализација и велосипедска патека

Македонија

По завршеното асфалтирање на улицата „СРУ 5“, во тек е нејзино целосно обележување со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, согласно одобрениот сообраќаен проект за траен режим на сообраќај.

Од ЈП „Паркинзи“ информираат дека активностите на терен се одвиваат според план, со цел улицата да добие јасно дефинирани сообраќајни ленти, пешачки зони и уредена сигнализација за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

Како што претходно беше најавено, новата улица предвидува и велосипедска патека, со што се подобруваат условите за велосипедистите и се поттикнува одржлива урбана мобилност.

 

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека со овој проект се заокружува уште една важна инфраструктурна цел во градот, насочена кон модерна и безбедна сообраќајна мрежа.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА