Цела гимназија му алпаудираше на младиот генијалец од Македонија – штипјани имаат со што да се гордеат (ВИДЕО)

Дали Знаете, Македонија

Емотивен пречек на Даниел Христов, ученик во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ кој денес беше поздравен со громогласен аплауз по неговиот огромен успех во Москва.

Денес, ходниците на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ ечеа од силен аплауз и гордост.

Соучениците и професорите организираа свечен пречек за својот голем шампион, Даниел Христов, кој се врати од Москва со извонреден успех на меѓународната сцена – освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, едно од најреномираните меѓународни натпреварувања за млади научници.

Големо БРАВО за младиот генијалец!

Од Штип до Москва – со бронза и солзи радосници: штипската гимназија му приреди пречек што ќе се памети, Даниел Христов воодушевен од љубовта и изненадувањето.

Младиот генијалец од Штип ја претставуваше Македонија и својот град на престижен натпревар во Русија, каде уште еднаш докажа дека штипските гимназијалци припаѓаат на самиот светски врв. Станува збор за извонреден успех постигнат во конкуренција на најдобрите млади хемичари од целиот свет.

Неговите врсници го пречекаа со овации и транспаренти, симболизирајќи ја поддршката и заедничката радост за неговиот труд и постигнувања.

Овој чин не беше само поздрав за еден медал или диплома, туку доказ за другарството и почитта кон знаењето што го негува оваа генерација.

Целото видео можете да го проследите на линкот подолу.