Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска.

Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и впечатлива порака. Проданоски истакна дека му претставува особено задоволство што Прилеп продолжува да биде сцена на храбри и модерни уметнички проекти.

„Ваквите настани ја потврдуваат живоста на нашата културна средина и значењето на поддршката на домашните уметници“, нагласи градоначалникот.

 

Преку внимателно комбинирани визуелни елементи, перформансот „Оган“ испраќа јасна порака, оставајќи простор посетителите да го доживеат делото на свој начин.