(ФОТО) Украинка со детето моли за помош пред маркет во центарот на Скопје

Македонија, СКОПЈЕ

Жена од Украина, заедно со мало дете стои пред маркет во близина на Италијанската амбасада во центарот Скопје и бара помош од граѓаните. Според информациите споделени на социјалните мрежи, таа се наоѓа на истата локација уште од 10 часот наутро и останува таму до вечерните часови, во обид да обезбеди основни средства за живот.

Апелира до сите хумани граѓани, доколку се во можност, да помогнат – со храна, облека или други неопходни средства.