Тешко повреден малолетник – Скопјанка со „опел“ прегази 12-годишно дете

Македонија, Хроника

Дете е тешко повредено откако било прегазено на една скопска улица вчера попладне. Несреќата се случила во скопски Чаир.

– На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која е повреден малолетник. Според информациите, патничко возило „опел“, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од село Страхојадица, општина Зелениково, информираа од МВР.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.