Aмepикaнcки HДИ со дoбpи вести за ЗAEВ, лoши за CДCM
HДИ (Hационален Демократски Институт) од CAД е една од повеќето меѓународни организации кои дејствуваат во Македонија. Таа за разлика од ИPИ која е дел од американските републиканци, НДИ важи за блиска на американските демократи, кои во моментов управуваат со CAД на чело со претседателот Бajдeн.
Во кругови на македонските политички партии, ИPИ се смета за блиска на ставовите на ВМРО ДПМНЕ, а HДИ на ставовите на СДСМ. Иако тоа во реалноста не е така. И двете организации работат подеднакво со сите политички партии во земјава.
Во најновата анкета на американскиот Hационален Демократски Институт, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ. Тоа изнесува четири проценти, односно ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 14 проценти, а СДСМ само 10.
Од останатите партии, ДУИ има поддршка од пет проценти, исто толку и Левица. Алијанса за Албанците има рејтинг од 4 процнети.
Од друга страна, Заев е политичар со најголема доверба од 8%, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски со 5%. После нив се претседателот Пендаровски со 4% и болшевикот од т.н. Левица, Апасиев. Албанските лидери се со 2% и подоле од тоа.
Истражувањето било спроведено телефонски во март оваа година. Оттогаш во Македонија се случија низа скандали и демонстрирање на неспособноста на власта, па за очекување е поддршката за неа да се намалува.
Основна анализа на овие резултати покажуваат дека Заев работи само за себе и личниот рејтинг и интереси, додека го турка СДСМ во провалија. Тоа беше за очекување со самото приватизирање на СДСМ од „кланот заеви“, со последниот Конгрес на партијата.
Согласно оваа анкета на HДИ, власта е веќе падната, но нема кој да ја преземе. Доколку опозицијата се реорганизира, на следните локални избори ќе дојде до целосен пораз на СДСМ. Се поставува прашањето, дали опозицијата сака да се реорганизира и да победи на избори?