
ТОП ВЕСТ: ЛЕВИЦА се распаѓа на две партии
Левица се дели на две партии, една Левица на Апасиев и втора Социјалистичка Левица на анти Апасиев кадри од партијата?
Врие во политичките партии во очи локалните избори 2021 година. Минатата недела имаше силно движење на интересети во ДОМ, зелената партија на Лиле Поповска, под раководство на Маја Морочанин. На прес конференција од лидерката на партијата се оградија 17 општински организации, незадоволни од начинот на кандидрање на кандидати за градоначалници и советници. На тоа најсилно на социјалните мрежи се исмеваа припадниците на Левица на Димтар Апасиев.
Меѓутоа истата судбина многу брзо ја стигна и самата Левица. Извори од партијата, незадоволни од автократијата на лидерот Апасиев за селекцијата на кандидатите за советници и неколку градоначалници, јавуваат интересни вести. Имено, лидерот Апасиев како единствен критериум за избор на кандидат за советник или градоначалник го имал, тој да му е на него лично лојален, односно лижач, без разлика колку е активен во партијата или е посветен на идеологијата на Левица.
Незадоволните од Апасиев, а пред се членови на раководството на поголемите локални организации на Левица од Прилеп, Битола, Аеродром, Велес и други општини, веќе стапиле во контакт со поранешните лидери на таа партија, пред да стане султан партија. Лојалните на Апасиев обвинуваат дека тие расколниците се координирани од Савески и Јовановиќ, со цел да ја ослабат партијата пред локални избори.
МКДенес ќе побара дополнителни информации од поранешните лидери на Левица, но внатрешните извори јавуваат дека тоа е дезинформација од лижачите на Апасиев, кои сакаат да ги дистанцираат од функции на локално и национално ниво.
Според кажаното, веќе се организираат да формираат нова партија, Социјалистичка Левица. Разочарани од недостатокот на левичарска идеологија и криминалот на лидерот Апасиев, користење на национализам и конекции со олигарсите, бунтовниците во Левица нагласуваат дека тие се лојални на левичарските идеали и дека социјализмот е за нив вистинска определба, а не болшевизмот на кој инсистира Апасиев. Всушност Апасиев во партијата го викале „Малиот Сталин“, поради неговиот автократизам, ароганција, нечовечност и постојано навредливо и понижувачко однесување кон своите сопартијци.
Бунтовниците против мали сталин Апасиев, веќе изготвиле лого на партијата, се прават проценки дали ќе успает истата да ја регистрираат пред локални избори или ќе мораат да настапан на изборите во друга форма.