
ЗАЕВ во стилот на Груевски купува административци
Македонија никако да се менува на подобро. Ситуацијата со економската криза станува драматична, вртоглаво расте надворешниот и внатрешниот долг, а Владата фрла пари на луксуз и административни награди. Сето тоа во очи на следните извори. Буквално злоупотреба на јавни овластувања и предизборно купување на гласови со народни пари.
Наместо поддршка на приватниот сектор, кој е единствен кој го полни буџетот и кој создава можности за функционална држава, Владата дели пари по администрацијата, која не функционира, особено последниве две години во услови на корона кризата.
Со наближувањето на изборите владата на Зоран Заев почна со „поткуп“ на своите најверни гласачи, вработените во министерствата. Тие се пред се партиски вработувања, но администрацијата обично гласа за власта. На тој начин партиите на власт, осигуруваат предност пред останатите.
На седницата на владата од 5 август е донесена одлука за еднократна награда на вработените во министерствата. Овој додаток изнесува 30 проценти од основната плата или околу 9.000 денари. Со што администрацијата заслужи 30% награда, кога има намален обем на работа за околу 80%? Дали гласањето за СДСМ е доволно да граѓаните плаќаат награди за неработење?
Пари ќе добијат министерството за одбрана, МВР, правда, министерство на политички систем, МНР, финансии, економија, земјоделство, образование, труд и социјала, локална самоуправа и култура. Овој начин на издвојување на дел од администрацијата, наспроти останат дел кој нема да биде награден е противуставно однесување на власта.
Заев се одлучува на ваков потег откако стана јасно дека нема што да понуди на локалните избори, нема проекти и таков случај посегнувањето по државната каса е најлогичната одлука што може да ја донесат.