Албанците ја свиткаа опашката пред „српски шенген“

Балкан, Изјави

Молк во Македонија по повикот за одржување „сенационален протест“ на Албанците против „Отворениот Балкан“ или „српски шенген“. ДУИ молчи поради обвинувањата од Хаг, а Албанска Алијанса калкулира за власт.

Повик да се одржат сенационални, сеалбански протести против формирањето на Новата Југославија беше испратен од Фатон Курти, лидерот на новооснованата Републиканска партија на Косово. Тој се повикува на бранот на големите и многубројни реакции особено во Косово, поради регионалниот договор за соработка „Отворен Балкан“, кој Косово категорично го отфрли, иако премиерот на Албанија Еди Рама го потпиша заедно со српскиот претседател Вучиќ и македонскиот премиер Заев.

Во својата објава на фејсбук – мрежата, која ја пренесе косовскиот весник „Бота сот“, Курти напиша:

„Денес не ни треба збор, туку дејство, за да го спасиме нашиот народ од новото предавство. Не ни е потребно братство – единство со оние кои го одрекуваат геноцидот врз албанскиот народ. Да се одржат сенационални протести против формирањето на Новата Југославија. Да, или не?“

Се уште нема одгласи по овој повик дали ќе се одржи таков протест и на Албанците во Македонија. Очигледно ја свиткаа кичмата пред планот на Александар Вучиќ или новиот Тито на Балканот.