Отворен јавен повик за членови во Управен и Надзорен одбор на „Нискоградба“ Битола

Македонија

Општина Битола го објавува јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен и Надзорен одбор за материјално-финансиското работење на КЈП „Нискоградба“ Битола.

Предмет на јавниот повик е спроведување на постапка за избор на седум члена во управниот и три члена во надзорниот одбор.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес на кандидати.

 

Право на учество имаат сите лица кои ќе изразат интерес за пријавување и кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик.

Јавниот повик е објавен денес 26 јануари 2026 година и треа пет ( 5 ) дена, односно најдоцна до 30 јануари 2026 година.
Повеќе информации на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2026/01/%D0%9A%D0%88%D0%9F-%D0%9D%D0%98%D0%A1%D0%9A%D0%9E%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%94%D0%91%D0%90.pdf