ДИМОВСКИ: APМ се злоупотребува

Изјави, Македонија

Поранешниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски реагира на употребата на Apмиjaтa, надвор од нејзините одговорности, особено како доказ дека останатите институции во државата не функционираат.

Димовски на својата ФБ страна објави:

„Вклучувањето на APМ во сите државни активности е доказ за нефункционални цивилни институции. Армијата на Република Македонија е единственото нешто што функционира во оваа држава. Длабок наклон и почит за сите нејзини припадници.

Но, Армијата има други задачи и обврски. Таа не смее да биде супституција на неодговорна, неработна и неорганизирана власт. Во овие неколку години APМ се користи за се и сешто, секогаш кога цивилната власт потфрла со својата работа. Тоа не смее да биде така.

Армијата на Република Македонија не е куп на механизација и физичка сила која може и треба да биде ангажирана секогаш кога државата и некој министер ќе потфрли во својата работа.

Слика 1: APМ чува продавници

Слика 2: APМ чува болници

Слика 3: APМ растовара вакцини

Слика 4: APМ гаси пожари

Слика 5: APМ гради болници

Каде е Центарот за управување со кризи? Каде е Дирекцијата за заштита и спасување? Каде е Министерството за транспорт? Каде се општините?

Зошто плаќаме постоење на десетици и десетици државни органи и илјадници вработени во нив, ако за сите активности ја ангажираме армијата?

Зошто ниту еден функционер не понесе одговорност за задоцнета реакција во своите планирања и активности, при што се создало потреба за ангажман на APМ?

Штом APМ е толку често надвор од касарните, тоа е доказ дека државата не функционира!