Прво огласување на Елена Велеска по сообраќајната несреќа, познати причините за излетувањето од патот
Познатата македонска пејачка Елена Велевска синоќа била инволвирана во сообраќајна незгода што се случила на територијата на Прилеп, пренесува Шило Магазин. Настанот предизвикал внимание во јавноста, особено поради временските услови кои повторно покажаа колку можат да бидат опасни за сите учесници во сообраќајот.
Според информациите објавени од истиот извор, Велевска во моментот на незгодата не управувала со возилото, туку се наоѓала како сопатник во автомобил од марката „Мерцедес“. Инцидентот се случил ненадејно, без можност навреме да се реагира.
Како главна причина за сообраќајната незгода се наведува лизгавиот коловоз, односно мразот кој се формирал на патот и значително ја отежнал контролата на возилото. За среќа, во незгодата нема повредени лица, што е најважната информација од целиот настан. Причинета е само материјална штета на возилото, а состојбата на сите инволвирани е стабилна.
Taa со мудра мисла од Патријарх Павле се огласи на социјалните мрежи
