ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот македонски пратеник и заменик министер за земјоделие

Македонија, Политика, Хроника

Со огромна тага ја примив веста за смртта на Санде Џамбазовски, истакнат долгогодишен член и еден од основачите на СДСМ во Штип, објави пратеникот Благој Бочварски.

Низ целиот изминат период безброј пати разговаравме за минатото, но и за денешната политичка состојба во државата, а секој наш разговор беше искрен и многу значаен.

Санде беше исклучително мудар човек, како поранешен претседател на СДСМ Штип, пратеник и заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство остави неизбришлива трага во нашата меморија како стручен и посветен човек на професијата и социјалдемократијата.

Почивај во мир Санде!, напиша Бочварски.