СТЕГНА СУВ СТУД, ЌЕ ИМА И МАЛКУ СОНЦЕ АМА „СО ЗАБИ“ – Утрово најстудено во Крушево, – 15
Екстремно ладно е ова утро во Македонија 12 Јануари 2026 (Понеделник). Времето е ведро со умерена локална облачност а особено во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец. Температурите ова утро насекаде се длабоко под нулата и во поголем дел од Македонија тие се спуштија до околу па и под -10 степени.
Попова Шапка во овие моменти мери температура до околу -16/-17 степени а Титов Врв во моментов мери температура дури до околу -25 степени.
Сето ова е поради екстремно ладниот бран кој се спушта од север кон нашиот дел од Европскиот Континент и истиот условува да имаме екстремно ладно но суво време (сув студ).
