Трамп: Путин ми е добар пријател, нема потреба да го апсам како Мадуро

Политика, Свет

За американскиот претседател Доналд Трамп, опцијата за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, со цел ставање крај на конфликтот во Украина, не е воопшто опција.

На новинарско прашање дали би го уапсил Путин, како што беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Трамп одговори дека тоа не му е во план.

„Не мислам дека ќе биде потребно. Отсекогаш сум имал многу добри односи со него. Но, многу сум разочаран“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Трамп, на состанок со раководителите на нафтените и гасните компании, повторно се осврна на она што го нарече „решавање на осум војни“ и изрази надеж дека војната на Русија против Украина ќе биде „една од најлесните“ за решавање.

Според него, само во текот на изминатиот месец, загубите на бојното поле изнесувале околу 31.000 луѓе, најголем дел руски војници. Американскиот претседател оцени дека руската економија е „во лоша состојба“.