Насилникот кој влета во „Инфомакс“ прво пишувал пораки, па дошол да крши и тепа

Македонија, Хроника

Јавното обвинителство Скопје поднесе обвинение против насилникот кој на 10 декември упадна и се закануваше во студиото на „Инфомакс“ за време на емисија во живо.

Покрај за насилство, тој ќе одговара и за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

– Инцидентот се случил за време на емитувањето во живо на емисијата „Тешки муабети“ на YouTube и на социјалните мрежи, кога обвинетиот претходно пишувал навредливи и заканувачки коментари кон еден од новинарите, поради критиките упатени кон премиерот. Потоа тој дошол на адресата на студиото, ја обил влезната порта, ги искршил вратите од објектот и од студиото, по што емисијата била прекината – соопшти Обвинителството.

Се бара притвор и психијатриско вештачење за насилникот кој упадна и кршеше во студиото на „Инфомакс“

Насилникот, делото го извршил во состојба на пресметливсот и покрај неговата претходна душевна здравствен состојба.

– Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица. Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката – се потенцира во соопштението.