Лозово во шок: Видео материјал ги открива скандалите на поранешниот градоначалник Ацо Велковски!

Македонија, Политика

До редакцијата на МКДенес пристигна видео-материјал кој фрла ново светло врз работењето на поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски. Снимката содржи сведоштва, документи и судски пресуди што отвораат сериозни прашања за неговото однесување и постапки додека бил на функција.

Во видеото е прикажано сведоштво на поранешна вработена во Општината, која сведочи дека во време на својата бременост се соочила со дисциплински притисоци и неправедно отпуштање од работа. Подоцна, преку судска постапка, била вратена на своето работно место, одлука која, според материјалот, потврдува незаконито постапување на поранешното раководство.

Документите во видеото, според наводите, прикажуваат и злоупотреби за кои Велковски има правосилни пресуди од Основниот суд, меѓу кои се и затворска казна и финансиска санкција од околу 2 милиони денари.

Во материјалот е опфатен и случајот што во јавноста беше познат како „општинска лотарија“, при што главната награда (шпорет), завршила кај ќерката на Велковски. Снимката дополнително укажува на неговото често отсуствување од работа во периоди кога семејството живеело во Германија.

Како што се наведува, сите информации се поткрепени со судски документи и јавни записи, достапни на увид. Видео-материјалот, има за цел да им овозможи на граѓаните сами да се запознаат со фактите и да донесат сопствен заклучок за тоа што се случувало зад затворените врати на Општина Лозово.

Целото видео може да го проследите на следниот линк.