
НАЈНОВО: Објавен ЗАКОН за заштита на државноста
Во текот на денешниот ден, од страна на граѓанската политичка платформа МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ беше промовирано донесување на Закон за заштита на државноста на македонската Република, како што изјавуваат од таму. Законот бил во завршно читање во рамки на стручните правни и социолошки тимови на Македонски концепт.
Ние дојдовме до дел од содржината на тој Закон. Интересно е што е многу обемен и опфаќа многу области од животот во Македонија. Етапно ќе објавуваме дел од неговата содржина, секако деколку тоа ни го дозволат авторите на Законот.
Од друга страна лидерот на оваа платформа, Петар Богојески на неговата официјална фан страна објави за што е наменет дел од законот. Изјавата ја пренесуваме во целост:
МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ промовира законско решение за забрана на бурки и друг верски радикализам, со цел полна европеизација, а не талибанизација на Македонија!
Ние ќе се избориме за полни права и слободи, достоинство на секоја жена!
Македонската Република, доколку биде управувана од МКонцепт, ќе обезбеди целосно бесплатно образование и универзитетски престој на секоја жена, особено на оние кои доаѓаат од посиромашни средини, кои не може да си дозволат квалитетно образование за своите женски деца!
Образована жена, вреди колку цела планета!
Верски радикализам и наметнување на една врз друга вера, ќе биде со Закон санкционирано!
Ве повикувам сите слободоумни, чесни, домаќини, разумни и вистински верници, муслиманки и муслимани, да ни се приклучите во борбата за полна верска слобода, без радикализам во Македонија!