ОРБАН паѓа, каде Груевски ќе мигрира од Унгарија

Uncategorized, Балкан

Унгарскиот премиер на Унгарија Виктор Орбан, потпретседател на Европската народна партија во која член е и ВМРО ДПМНЕ, ја губи власта во Унгарија. Опозицијата во таа земја се обедини под мотото „Сите против Орбан“, со што опозицијата е во водство пред ФИДЕС партијата на Орбан.

Последен негов обид да спречи доаѓање на новата власт во земјата е отварање на теми во јавност, кои не се популарни во Унгарија, а опозицијата не може да му се спротистави. На тој начин премиерот Орбан се обидува да се наметне во улогата на заштитник на унгарското општество, наспроти пориците на ЕУ. Пораката е дека Орбан и откажува љубов на ЕУ. Но дали е тоа така? Секако не е! Орбан се обидува само да преживее.

Едно од тие прашања на кои Орбан може да добие некои поени се правата на ЛГБТ заедницата во Унгарија. Со цел да ја отвори таа тема, која е премногу чувствителна во неговата земја, Орбан донесе антиЛГБТ закон. Со тоа темата е отворена, а опозицијата е фатена во тесно.

Како нарачани од него, неколку илјади Унгарци излегоа на Парадата на гордоста во Будимпешта, воедно да изразат и револт против новиот закон со кој се забранува промоција на било каков материјал за ЛГБТ на малолетници.

Во меѓувреме унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на неговата држава, не и се потребни средства од посебниот фонд на ЕУ за помош во отстранувањето на последиците од пандемијата, доколку Будимпешта за тоа биде условена со повлекување на контроверзното законско решение за правата на децата.

Дали оваа антиЕУ реторика на Орбан ќе му помогне да остане на власт? Секако нема, Виктор е минато во Унгарија во следните неколку месеци.

Каде ќе оди Никола Груевски по падот на Орбан? Останува за кратко да дознаеме.