
СКАНДАЛ: Филипче продолжува со глупости
Откако умреа илјадници луѓе во Македонија, откако не успеа навреме да набави вакцини, а ние Македонците се себепонижувавме со вакцинирање кај соседите, Министерот Филипче не успеа ниту да ги засили капацитетите на здравството со цел да бидеме подготвени за нов бран на есен. Филипче ужива во раскошот на власта, а тоа го плаќаме сите граѓани, за жал овој луксузен министер го плаќаме со своите животи.
Откако го остави народот сам да се најдува во пандемијата, сега Филипче најавува нови мерки и рестрикции за есенва. Тоа значи пак народот да плати за неспособноста на министерот да се носи со кризата.
Тој соопшти дека досега се имунизирани околу 500 деца на возраст од 12 до 17 години, додека вкупно пријавени се 1.800. Филипче повторно апелираше до граѓаните да се имунизираат, за ако дојдат во контакт со болеста, да не дојде до хоспитализација и лоши последици.
„Не можеме сите да страдаме, ако некој не се имунизира. Помалку од 500 илјади граѓани се имунизирани, а далеку сме од бројката на колективен имунитет, за кој е потребно 80 отсто од населението“, кажа Филипче.
Тој најави дека се планира да се воведат рестрикции, како на пример, да се бара сертификат за примена доза за влез во кино сали или други јавни места. Ограничување на слободата на граѓаните е противуставно, но што знае Филипче од Устав. Тој здравството не го среди, па ќе средува Устав.
Министерот додаде дека се детектирани доста нови случаи на делта сојот, 3 во Скопје, но и во други градови низ Македонија. Во земјава има и други соеви и затоа единствен спас е имунизацијата, рече тој.
„Граѓаните мора да се свесни дека тоа е начинот на кој ние може да ставиме крај. Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување, од септември, можеби октомври“, кажа Филипче.
Во земјава има 221 активен случај.