ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Стоби и раното христијанство

Дали Знаете

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Пишува Гордана Јанакиевска

Во V-от век низ територијата на цела Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои најпознати биле во Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој период никнуваат многу ранохристијански базилики. Една од најзначајните е Епископската базилика во Стоби.

Епископската базилика во Стоби е посебно здание само по себе. Станува збор за два објекта изградени еден врз друг, вертикално. А за велелепноста на овој храм говорат капителите на столбовите од базиликата, кои се наоѓаат во Музеј во Белград, со фасцинантни димензии од два метри висина и широчина.