Општина Битола: Успешно одржано третото издание на „Smolevo Up Hill Race“
одлична енергија, спортски дух и врвна организација, по трет пат успешно се одржа „Smolevo Up Hill Race“, во организација на велосипедската федерација и „Extreme Bike Bitola“, со поддршка на Општина Битола.

Над 100 велосипедисти од цела Македонија беа дел од оваа возбудлива трка, покажувајќи посветеност, издржливост и љубов кон велосипедизмот.
Овој настан уште еднаш потврди дека Битола e вистинска дестинација за спорт, рекреација и промоција на здрави животни навики.

Наградите ги додели претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски.
