СКАНАЛ: Во Македонија донесени џихадисти

Македонија

Доцна синоќа Владата на Република Македонија капитулираше под влијание на џихадистичко – терористичкото крило на СДСМ и се пофали замислите, успешно го завршиле процесот на репатријација на терористи родум од Република Македонија, од Сирија и Ирак – четворица мажи – странски терористички борци, пет жени и 14 деца.

Владината прес-служба соопшти дека процесот е спроведен согласно „обврските на Република Македонија“ кои произлегуваат од меѓународното право, меѓународното право за човекови права, меѓународното хуманитарно право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации. Со други зборови се покриваат да кажат дека капитулирале под силата на терористичките келии од земјава, кои се поддржувачи на оваа власт.

– Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство. Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за нив имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд, соопшти утрово Владата.

Репатрираните жени и деца ќе подлежат на четиринаесетдневен здравствен карантин на доброволна основа и неопходни лекарски прегледи, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со цел заштита на јавното здравје. Со други зборови, не само што сме примиле терористи дома, туку и ќе ги лекуваме на наша сметка и тоа пазете доброволно ако они сакале, ако не ќе ги пуштиме по македонските улици да продолжат со нивната „света“ мисија.

– Во наредниот период, надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можно учество во инкриминирани дејствија, за секој случај поединечно. Со исклучување на можноста за нивна вклученост во дејствија кои подлежат на казнено-правна одговорност, почитувајќи го во целост начелото на доброволност, ќе отпочне процесот на нивно рехабилитирање, ресоцијализирање и реинтегрирање во заедницата, односно во општеството, наведува владината прес-служба.

Тоа значи дека Владата прво ќе ги пушти терористите слободно да се шетаат по улиците на Скопје, а потоа ќе обезбедува докази за, пазете евентуално инкриминирачки дејствија. Па ова го нема ниту во Саудиска Арабија.

Сите мерки и активности кои се преземаат од страна на институциите се базираат на обврските од Националниот план и процедурите за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, усвоени од страна на Владата на Република Македонија, а за чија координација и имплементација е надлежна Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на  насилен екстремизам и борба против тероризам.

Се стресе гората, се роди глушецот! Замислете некоја таму по влада изгубена честитка, наречена национален координатор, со неговиот многу јак кабинет ќе ја решел ситуацијата. Сето ова зборува дека Македонија нема институции.

– Република Македонија, како членка на НАТО и Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во соработка со нашиот стратешки партнер САД, останува посветена во примената на највисоките стандарди во борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, со цел осигурување на безбедност, сигурност, стабилност и просперитет на највисоко ниво за граѓаните на нашата земја и пошироко во регионот, се наведува во владиното соопштение.

Ова соопштение е чист панфлетизам, злоупотреба на НАТО и САД, зад чиј авторитет се сокрива неспособноста на власта во земјава.