ВАЖНО: ЦИА во 1950 година ги потврдува Македонците

Македонија, Свет

ЦИА декласифицираше низа архивски документи на 4 декември 2001 година, а на 15 декември 2016 година истите беа објавени во дигиталниот архив на агенцијата, кадешто може да бидат најдени и денеска.

Според ЦИА власта на Тито е најнестабилна во Македонија од сите други југословенски Републики. Првиот посериозен потрес ќе ја раздели Македонија од останатите Републики во Југославија, а Собранието во Скопје е настроено револуционерно. Културните врски со Софија се посилни отколку со тие во Белград.

Документот е насловен „Во однос на македонското прашање во Југославија“ и е во обем од 10 страни, а извештајот на CIA е составен на 17 февруари 1950 година. Во него јасно се наведува постоење на Македонците, различни од другите етноси на Балканот, особено Бугарите и Србите.

„Во Републиката која се одделила од Османската империја пред едвај 30 години, нема вистински републиканци. Немаше доволно време за нивното формирање. Македонците се поделени на пробугарски и просрпски ориентирани. Комунистите во власта се наклонети кон Софија и гледаат со сомнеж се што доаѓа од Белград. Тие само се преправаат дека се комунисти. Тие се многу повеќе националисти.“

Во извештајот стои дека Советскиот Сојуз сакал да создаде голема Бугарија, во која би влегла и македонска република СР Македонија со трите делови Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија. Таа голема македонска Република требало да биде дел од Бугарија, а преку тој потег Москва сакала да ги зајакне позициите на бугарската Комунистичка партија, која во крајот на Втората Светска војна беше донесена на власт од Црвената армија. Со тоа јасно стои дека СССР е на страна на Бугарија, а не на Македонија и создавање на некакви Македонци, туку сите јасно знаеле за постоење на етничките Македонци во трите делови на Македонија.

ЦИА тврди дека влијанието на БКП врз масите во Бугарија е многу слабо, за разлика од влијанието на југословенската Комунистичка партија во Југославија. Власта на БКП се основа на насилство. Со заземањето на Македонија од страна на Бугарија, БКП ќе добие престиж во очите на луѓето. Тоа значи дека сонот кој и денес постои за бугарско владеење на Македонија е стар и секогаш поткрепен од Русија. Тоа особено од гледна точка на светскиот пролетеријат, е без значење дали Македонија ќе биде во рамките на Бугарија или Југославија“, пишува во извештајот.

Авторот на извештајот вели дека идејата за обединување со Бугарија зрее во македонското општество, уште од времето на Балканските војни и додава дека македонските комунисти ја прифатиле таа идеја. Тоа потврдува дека комунистите не биле на страна на Југославија, како што тоа се пренесува денес низ историските читанки.

„Сите луѓе со различно мислење во тој ред и комунисти беа елиминирани од позициите во власта. Македонците не ги покажаа отворено своите ставови. Тие се тивки и го чекаат погодниот момент за да ја реализираат својата идеја. Тие се плашат од Белград, бидејќи југословенската Комунистичка партија верува дека Македонија треба да остане во границите на Југославија. Секој кој има различно мислење е предавник“, се вели во документот.

Во истиот документ стои дека властите во Македонија го конфискуваат имотот на сите Срби што избегале од Македонија, по доаѓање на бугарските војски. Потоа нивните имоти не се вратени и не им се издавале државјанства. Тоа според авторот на извештајот говори дека македонските комунисти се пробугарски ориентирани.

По раздорот меѓу Тито и Сталин 1948 година во извештајот на CIA пишува дека Собранието во Скопје било подготвено да објави отцепување на Југославија и припојување на Македонија кон Бугарија. Тоа се особено сталинистите, кои завршија на Голи Оток, осудени од Тито. Но тие не барале припојување кон Бугарија зашто неа многу ја сакале, туку зашто такви биле наредбите од СССР, со цел да се припојат кон Коминтерната.

Во однос на македонскиот јазик во извештајот на CIA пишува дека тој е кодифициран од новите власти, не е многу разбирлив за неписмените граѓани, книгите се печатат на македонски јазик којшто Македонците не го разбираат. Србоманите биле против македонскиот јазик, како Чеда Миндеровиќ, Генерален секретар на Сојузот на македонските писатели, кој бил против македонскиот јазик и како директор на српското издаваштво „Просвета“ одбивал да печати книги на македонски.“

„Од гледна точка на заложбите на југословенската Комунистичка партија во однос на Македонија, тие се покажаа како неуспешни. Тие создадоа Република без републиканци, социјалистичка држава без социјалисти, комунистичка власт без политички образовани комунисти, создадоа јазик кој никој не го разбира, држава која им е туѓа на граѓаните во неа. Само името и е реално, сè друго е измама. Македонците се повлечени и во очекување. Тие сметаат дека сегашната ситуација е само преоден период“, стои во извештајот на CIA.

ЦИА секаде народот на Македонија го нарекува македонски или Македонци. Што најдобро ги руши денешните тези на бугарската пропаганда.