
ВАЖНО: Македонија на прво место во свет
Македонија секогаш може да постигне најдобри пласмани во светот. Без разлика дали тоа е по систем на негативна селекција. Овој пат сме помеѓу најдобрите 5 земји во свет, по број на починати лица на број на жители од корона вирусот.
Со преку 5.000 починати лица, кои се официјално потврдени, без да се наведуваат неофицијалните и непотврдени, ние сме на 5то место. Доколку ги вкалкулираме сите починати, тогаш сигурно сме на највисокото прво место во свет. Можно е да сме и подобри од тоа, зашто на вака одличен резултат, сепак граѓаните го обвинуваат министерот Филипче.
Се покажа дека сме крајно неблагодарна нација. Министерот напорно работеше, ги одби сите понуди за навремена набавка на вакцини во земјава, болниците беа неорганизиран хаос, се лечеше со бабини лекови, се што можеше се направи за да дојдеме до првото место во свет по број на починати. А вие пак неблагодарни. Па што сака овој народ нека каже веќе еднаш? Филипче не внесе во најславните нации на свет. Покажете барем малку почит и благодарност.
Министерот добро изјави, можеме уште повеќе и уште појако. На пример можеме да направиме да умре една десеттина од нацијата. Така ќе им докажеме на светот дека сме подготвени да се жртвуваме за татковината. Министерот е вистински партиот, вака се сака Македонија.