
АКТУЕЛНО: Три денови до апсење или бегство на Бојко Борисов
Бугарија се подготвува за повторни предвремени избори на 11 јули 2011 година. За само три денови ќе се знае и судбината на некогаш најмоќниот премиер на Балканот, Бојко Борисов. Што го очекува, затвор или бегство од Бугарија? Трет избор нема.
Според последните анкети, популистите на шоуменот Слави Трифонов наречени ИТН (има таков народ) веќе водат пред партијата на Борисов, ГЕРБ. Сосема е јасно дека Бојко веќе е опозиција и нема никогаш да биде повторно премиер на Бугарија. Новата Влада ќе ја формираат антиГЕРБ партиите, особено новите популистички и граѓански движења.
Акцијата за апсење на Борисов е веќе во тек. Се подготвуваат сите детали. Бојко Рашков, актуелен министер за внатрешни работи на Бугарија е шеф на акцијата. Меѓународната заедница веќе даде согласност за расчистување со „екипата“ на Борисов, вклучително и лично со него.
Бојко Борисов е добро запознаен со секој детал и се подготвува за конечната одлука. Дали ќе прифати одговорност и ќе остане во затвор во Бугарија или ќе оди во бегство по примерот на македонскиот премиер Никола Груевски. Трета опција нема. Борисов добро знае дека веќе е опозиција и нема враќање од тој правец. Своевремено Бојко на шега го коментираше бегството на Груевски, со зборовите „и не е така лошо во Будимпешта“. Сега се очекува реакција од Груевски да му појасни на Бојко како е егзилот во Унгарија.
Но сепак Борисов не се определил за Унгарија, туку разгледува две други опции, Турција или Русија. Викенд средбата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, покажува дека тој одлучил да побара поддршка од турскиот претседател, но тука не станува збор (само) за претстојните парламентарни избори, туку за нешто друго, веројатно нешто лично, пишува шефот на бугарски весник Сега, Светослав Терзиев.
Како што вели тој, новите парламентарни избори ќе се одржат во Бугарија на 11 јули и може да се претпостави дека Борисов отишол кај Ердоган со цел да ја добие довербата од бугарските гласачи кои живеат во Турција, но, сепак, тоа не е случај. Според авторот, Борисов многу добро знае дека со ваквите постапки тој само ги одбива гласачите во Бугарија да гласаат за него. Зад состанокот меѓу лидерот на партијата ГЕРБ и турскиот претседател се крие нешто друго, оценува Терзиев. Тоа е договор за евентуалното бегство на Борисов во Турција, веднаш после изборите во недела во Бугарија. Според разознавачки информации, Бојко веќе ги мигрира парите од Бугарија и од балканските земји кон Турција. Според тие извори, станува збор за повеќе милијарди евра.
Кога пред неколку години имаше закана од прилив на мигранти кон ЕУ, бугарскиот премиер беше пратеник на Ердоган во Брисел, по што ЕУ и плати на Турција милијарди евра за да го спречи приливот на мигранти, потсети бугарскиот новинар. Во исто време, тој пишува дека Борисов се плаши од кривично гонење. Во таа насока, Терзиев потсети на минатогодишните слики со снопчиња спакувани евра, злато и оружје во собата на Борисов, кои им беа дадени на бугарските медиуми, како и на неговите врски со некои тајкуни. Поранешниот премиер разбира дека го чекаат и обвинувања и суд, поради што тој бара заштита надвор од Бугарија, смета авторот.
Според Терзиев, меѓу двете држави е на сила таканаречениот Договор за правна помош, а според тој договор двете држави се должни да ги екстрадираат граѓаните на барање на судот. Турција е должна да и ги испорача бугарските државјани на Бугарија, а Бугарија – турските државјани на Турција. Тоа не е поволно за планот на Борисов да бега во Турција. Во исто време, тој пишува дека според договорот, тоа не смее да се прави кога станува збор за државјанин на земјата во која се крие, па затоа авторот заклучува дека Борисов би можел да се обиде да добие турско државјанство.
Турција би одбила да го испорача Борисов доколку тој стане турски државјанин, а поранешниот премиер може да гледа спас во тоа, заклучува авторот. Но се разгледува и втора опција, бегство во Русија. Бојко направи доволно за Русија, дозволи преку бугарски воздушен простор на Русија да испорача оружје за Србија, и тоа спротивно на барањата на НАТО. Дополнително се согласи на руските проекти за гасовод низ Бугарија. Бојко си остави место кај Путин.
Која од овие опции ќе ги избере, ќе видиме за само три денови од денес. Познавачите на Борисов кажуват дека тој нема да дозволи како полковник на руското КГБ да падне во затвор во Бугарија. Исто дека тешко ќе се оствари планот за турско државјанство, бидејќи така силно ќе ја понижи бугарската нација. Веројатно бегството ќе биде кај неговите шефови во Москва, а дали ќе заврши на Сибир, како семејството на Слободан Милошевиќ, останува да одлучат од КГБ.