Каракачановци сменија лента, сега за се бил крив Ердоган

Балкан

Откако изгубија избори и потонаа во сопствената мизерија на темата Македонија и Македонците, дружените шизофрени бугарски „патриоти“, предводени од Каракачанов и Сидеров, сменија лента. Сега не е Македонија крива за се, туку султанот Ердоган и Турција. Ако се знае дека во Бугарија има патолошка омраза кон Турците, можно е со оваа тема повторно во парламент да се вратат каракачанките.

Проектот на Ердоган ќе го уништи Црното Море! Овој мегаломански објект ќе предизвика еколошка катастрофа! Вакво предупредување коалицијата Бугарските патриоти, составена од ВМРО, ВОЛЈА и НФСБ му испрати на бугарскиот претседателот Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев по повод официјалниот старт на проектот за изградба на Истанбулскиот канал, кој ќе ги поврзе Црното, Мраморното и Средоземното море.

Со започнувањето на проектот, како член на Советот на Европа во 1950 година, Турција ја прекрши Конвенцијата за зачувување на европскиот жив свет и природните живеалишта, позната како Бернска конвенција, се вели во апелот.

Турција ја крши и Конвенцијата за заштита на Црното Море од загадување, која ја потпиша во 1992 година во Букурешт.

Пред само неколку дена, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги постави темелите на мегаломанскиот проект Истанбулски канал, кој ќе ги поврзе Црното, Мраморното и Средоземното море.

Проектот Истанбулски канал може да доведе до најголема еколошка катастрофа во современиот свет, дури и поголема од таа во Аралското море. Уништување на кревката флора и фауна на Црното Море е изложено на ризик.

При изградбата на други познати канали, како што се Суецкиот канал или Панамскиот канал, не постоеше таква опасност. Но, Црно Море некогаш било езеро со слатководни води, а неговата соленост се должи на огромна природна катаклизма пред 9000 години, кога беше формиран денешниот Босфор.

Новиот канал во Истанбул ќе биде долг 45 км, широк 300 метри и длабок 25 м. Преку долниот слој на дното на каналот во Црното море ќе се влеваат милиони кубни метри морска вода која е два пати (35 отсто) посолена отколку таа во Црното море, која е солена 17 отсто.

Разликата во соленоста на Мраморното и Црното море е голема. Во моментов, низ Босфор поминуваат две струи – површинска со послатка вода од Црното Море до Мраморното Море и посолена вода во спротивна насока. Новиот канал ќе ја наруши оваа рамнотежа. Отпадните води во Истанбул се испуштаат во длабоките води и се носат во Црното Море.

Истанбул е силна сеизмичка зона и проектот ризикува голема природна катастрофа.

Исто така, постои голема опасност, пред време, да се зголеми одливот на Црното Море во правец на Мраморното Море, бидејќи Црното Море е за 0,5 метри повисоко и катастрофата со Аралското Море нема да остане единствена.

Проектот претставува директна закана за националната безбедност на Бугарија. Турција не ја испочитува Конвенцијата во Монтре, потпишана од Анкара во 1936 година. Според овој меѓународен договор, Турција ги контролира Босфор и Дарданелите. Документот прецизира точно колку товар е дозволено да поминува низ двата канали. Врз основа на тоа се утврдува бројот и видот на воени бродови што можат да бидат стационирани во Црното Море. Со уште еден мореуз под своја контрола, Турција веќе е надвор од договорот и грубо го гази, се вели во апелот.