БОМБА: Откриено зошто „полуде“ Заев!

Македонија

Многумина веруваат дека авторот на „груевизмот“ не беше самиот Никола Груевски. Тој беше само актер во филмот на вистинскиот режисер, Мартин Протугер. Се сеќавате на она момче од бомбите на Заев, што нарачуваше „ендек“ за жени и деца? Е тоа е тоа момче, мозокот на садизмот во груевизмот.

Од десна рака на Срѓан Керим, оној со еврата во шишето, момчето дојде до тоа да биде дел од тројката сопственици на ВМРО-ДПМНЕ. Таа тројка, Груевски, Мијалков и Протугер, го донесе Мицкоски на чело на таа партија и го одржува на таа позиција. Таа тројка режира филмови за „катарзи“ во ВМРО ДПМНЕ, па за некакви бркања од партија на еден од сопствениците Мијалков, па за некакови си вонредни конгреси… сето тоа со цел да се спасат од робија, дечките од сопственичката структура.

После пропаста на сите филмови, особено оној со „мериот конгесот“ и паѓањето во затвор на газда Мијалков, мартин излегува со уникатен нов филм. Овој пат, да проба да стане господар на мозокот на Заев Зоран, исто како што си игра шах со мозокот на Груевски. Токму од екипата на Груевски јавуваат дека акцијата е успешна. Мартин влегол во „софтверот“ на Заев. Прва проба беше промоцијата на шише дипломатот Керим, прв човек на Мијалков, за нов газда на МНР. Тоа Заев го спроведе. Значи вирусот функционира, Заев е под контрола, јавува Мартин.

Следна задача е заев да стане фан на „вредностите“ на груевизмот. Тоа значи напуштање на ЕУ агенда, влегување во „патриотски филм“, судир со неистомисленици, чистка во СДСМ на вистинските непријатели на груевизмот, распад на владината коалиција и влез во танго со Мицкоски. Повеќе од половина од ова е веќе реализирано.

Како што знаеме, чистката во СДСМ е при крај, Заев е веќе во војна со сите непријатели на груевизмот, ја напушти ЕУ агендата и влезе во филмот на зашитник на идентитетот, нешто како Груевски со „името не го даваме“, владината коалиција е пред распад и веќе кохабитира со мермерната палата, а Заев веќе влезе во „дил“ со Мицкоски. До тој степен да поддржи антиЕУ Резолуција подготвена од рускиот фрицел, алијас Антонио Милошевски. Едноставно Заев „полуде“, а тоа го можеше само и само мастерот на груевизмот, господинот Мартин Протугер.

Медиуми кои не ја разбираат играта во врвот на ВМРО ДПМНЕ, а успеале да дојдат до информации за акцијата на Мартин, започнаа да ги анализираат неговите методи и постигнувања. Тие сметаат дека тој се служи со интригашење, купи-ден-продај политика и прибирање на конспиративни материјали за политичкиот противник, уцени, закани, обиди за правење пучеви во спротивниот табор и обиди со медиумски сплетки/местенки да му вети на Заев контрола да се убедат граѓаните да гласаат за власта.

Акцијата започнала на вообичаен начин, каде Протугер подолго време се нудел за соработка на Зоран Заев, му испраќал телефонски пораки составени од пофалби за досегашната работа на премиерот, совети за понатамошно работење, прашања и загриженост за здравствената состојба на членови од семејството на премиерот, честитки за празници, но и критики и навреди за актуелното и поранешното раководство на партијата. Тоа било доволно Заев да влезе во сценариото. Го лапнал јадичето. Се развило едно ново пријателство, кое многу ветува. Буквално на Заев му се ставаат на располагање ресурсите на груевизмот. Различни луѓе, различно реагираат, нормален човек на тоа би бил резистентен и би го испратил Протугер пред лицето на правдата. Но што направи Заев? Сеуште не знаеме, само знаеме дека сите судски предмети на маестро Мартин застареа и тој малку по малку е слободен човек. Дали Заев е кум на таа слобода, останува да видиме во блиска иднина.

Медиумите блиски до палатата на ВМРО ДПМНЕ информираат дека Протугер е обвинет во случајот Титаник, како и неколку други негови сопартијци, но тој очигледно одбрал начин да се спасува од политичкиот прогон преку соработка со власта, па нашол директен канал на комуникација преку кој почнал директно да комуницира со Заев, засилувајќи му ја самодовербата и да му нуди помош како да ги елиминира политичките противници. Дел од тој план бил и активизмот на Мартин Протугер во Мериот колицијата со група од триесетина делегати.

Дел од оперативната обработка на софтверот на Заев, покрај пофалби од пријателот Мартин, било и силно напаѓање на ВМРО ДПМНЕ, до степен и на самиот Заев да му стане непријатно. Така, следејќи ја оваа анти-кампања, често се случувало Заев да го пофали Мартин Протугер, велејќи дека токму тој со најпогрдни зборови зборувал за актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и за поранешниот Никола Груевски, како и за многу членови на сегашното и поранешното раководство на партијата. Тоа било фаза два или нужно за Заев да „поверува“ во добрите намери на Мартин.

Трета фаза опфаќала Протугер да прифати соработка со ОЈО, па дури и да сведочи како што ќе му биде кажано, тврдат медиумите од палатата. Клучно за Заев било што Протугер се поклонил пред величината на Преспанскиот договор, за кој Заев смета дека е ремек дело на светската дипломатија. После тоа, комуникацијата со премиерот станала интензивна, со семејни елементи, исполнета со политички сплетки и навреди кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, но во дадени ситуации ако процени дека тоа во моментот е корисно за него, ако составот на луѓето е соодветен, зборува и против СДСМ. Особено против неистомислениците на Заев. Така Заев „стекнал доверба“ во Мартин, “мајсторот за брзи трансформации”.

Протугер намерно на Заев му се прикажал како несигурен и плашлив човек, кој е спремен се да направи и со секого да се здружи за да ги оствари личните цели, со цел Заев во него да види измеќар. А всушност, тоа е главниот метод на Мартин, ти мислиш дека ти станал слуга, а всушност ти станал господар на мозокот. Токму на истиот начин како кај Груевски, Мартин станува господар на мозокот на Заев. Од тука веќе се логични сите последни самоубиствени чекори на Заев.

Заев не е ни прв, а веројатно ни последен на списокот на жртви на „монструмот“ Протугер. Заев веќе прифатил политиката да ја претвори во “борба за живот или смрт”, исто како Груевски, а методите кои ги користи се својствени за држави кои се во полувоена состојба.

Во ситуација кога има контрола на инспекциите, регулаторните тела, обвинителството и судот веројатно се може да направи, но единствено нема сигурна формула како да стане копија на Груевски. Сигурно „новиот другар“ го убедува дека е подобар од лошиот Грујо, дека може повеќе и подобро, но тоа е токму е финалната фаза за конечниот пад на Заев. Тој ќе заврши полошо од Груевски со инсталираниот мартинов вирус во неговиот софтвер.