
НАЈНОВО: Грција бара анекс на Преспански договор
Грција е незадоволна од Преспански договор и бара негово допрецизирање. Со други зборови, надвор од дипломатски речник, Грција бара анекс на договорот. Тоа би означувало катаклизма за Македонија. Што би рекле стари, еднаш штом спуштиш гаќи, нема назад! Очигледно Заев не ја спуштил само вратоврската.
Американски дипломати од Атина искажуваат загриженост, особено што веќе грчките министри започнаа јавно да изразуваат барања во таа насока. Така, министерот за надворешни работи Никос Дендијас во интервју за Real News, запрашан за односите со Северна Македонија по Преспанскиот договор, кажал дека не се задоволни од постигнувањата на Преспански договор и дека има точки што треба да се подобруваат. Грците бараат одредбите на договорот да се прошират и на приватниот сектор во Македонија, а не само на државните институции како што налага договорот.
„Познато е дека во самиот Договор имаше проблематични точки на кои Нова Демократија тогаш се спротивставуваше, навремено го изразуваше своето спротивставување на конкретните членови. Но, Договорот од Преспа влезе во сила и мора правилно да се спроведе. Иако се преземени неколку чекори во оваа насока, има уште многу простор за подобрување, како од јавните, така и од приватните актери“, смета Дендијас.
Грчката страна изразува несогласеност со изјави од страна на македонски спортисти и бизнисмени и сака да им наметне и на нив ставови. Особено после користењето на МКД на европско првенство и одбивањето на ФФМ да прифати северна во името, што доби поддршка и од УЕФА.
„Не треба да се даваат несоодветни изјави што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ. Ваквите изјави не помагаат во подобрувањето на климата на билатералните односи и секако не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“, вели Дендијас.
Сепак Грција не најавува ново вето за Македонија и очекуваат да започнат преговори на земјава со ЕУ. Без збор за тоа дека Преспански договор не смее да се имплемемтнира без започнати прегови со ЕУ. Само сакале да се подобри договорот по грчки вкус.
Дипломатот додаде дека со нетрпение ја очекува првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија но дека „основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Тој смета дека Преспанскиот договор поголема примена треба да најде и во приватниот сектор.
Грците прават шеги на сметка на македонскиот МНР, Бујар Османи со забелешка дека тој не е антички Македонец, иако добро знаат дека е етнички Албанец од Македонија. Грчкиот колега му кажал „дека неговите предци не учествувале во Битката кај Гавгамела“, пренесува АНА-МПА. Жално е во каква позиција се најде Македонија и нејзините министри. Сите прават мајтап со нас.
Дендијас со ова алудира на решавачката битка со која Александар Велики го победил персискиот владетел Дариј во 331 година пред нашата ера. Тој тврди дека на вакво нешто го потсетил македонскиот министер за надворешни работи во јануари. Шефот на грчката дипломатија има забелешки и за содржината на јавните пораки и соопштенија што произлегуваат од македонските политичари.
Малкумина познавачи на балканските политики анализираат дека е ова во договор со Бугарија. Односно, дека Бугарија и Грција дејствуваат координирани против Македонија. Со цел да им помогнат на Бугарите кој се под жесток меѓународен притисок, Грците сега дефокусираат и бараат анкес на Преспа со цел да ја претстават Македонија како непочитувач на меѓународни договори и со тоа да и помогнат на позициите на Бугарија.