Опасниот „Делта“ сој не ги плаши властите …

Балкан, Македонија, Свет

По денешниот утрински состанок на членовите на Комисијата за заразни болести ,Македонија останува без засилени рестриктивни мерки .

Делта-мутацијата полека го вклучува алармот насекаде низ светот, но епидемиолошка состојба кај нас засега е оценета како стабилна од стручните лица и тие затоа не препорачале никакви мерки.

Но, дел од епидемиолозите во земјата не се сложуваат со тоа.

Контрола на влез на граница мора да има и затоа земјава може да се послужи со примерот на други земји кои не губат време и воведуваат мерки за да спречат бран на зараза со мутираниот Ковид, смета доктор Тони Коњановски.

„Ситуацијата е прилично мирна. Ја следиме состојбата и во околните земји. Целокупниот изминат период, без разлика на различните рестриктивни мерки во земјите, епидемиолошките криви беа прилично слични. Во таа смисла, насекаде во регионот е мирно, и во Србија и во Албанија. Секако акцент ставаме на земјите во кои македонските граѓани сега често заминуваат на летен одмор. Има некое лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но не сметам дека тоа е алармантно. Сметам и дека летово, доколку имаме иста ситуација, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки.“ -Венко Филипче – Министер за здравство.

Индискиот сој се рашири низ стотина земји во светот, помеѓу нив и во Грција каде првиот случај на „делта“ е потврден кон крајот на април. Вчера таму регистрирани се нови 617 позитивни случаи.