ВAЖНO: Нoв бpaн, дали Гpциja ги зaтвopa гpaницитe?

Балкан, Живот

Грција вчера регистрираше 1.001 нов случај на инфекција со коронавирус, од кои седум беа откриени на граничните премини во земјата, објави АНА-МПА, повикувајќи се на податоци на Националната организација за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се 425.347 случаи на инфекција со коронавирус во земјата. Уште девет лица починаа во последните 24 часа, со што бројот на жртвите достигна 12.731.

Тоа како да го запали црвениот аларм кај нашиот јужен сосед. Грчките власти воведоа нови правила за патување во рамките на земјата, кои предвидуваат одредени ограничувања за одење на островите.

Според ажурираните правила, за патувања на грчките острови, кои ќе важат од утре, понеделник 5 јули, патниците ќе треба да покажат еден од овие документи: потврда за вакцинација против ковид-19, доказ за неодамнешно закрепнување од вирусот, негативен тест за PCR не постар од 72 часа или негативен брз тест не постар од 48 часа, пишува грчкиот весник Катимерини.

Мерките беа објавени за време на прес-конференција од заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас, наведувајќи дека официјалните лица сè уште ја разгледуваат ситуацијата во врска со меѓурегионалното патување во континенталниот дел на земјата.

Инаку, само за два дена бројот на заразени во Грција се зголеми за скоро една четвртина. Грција во четвртокот објави 761 нов случај на коронавирус и четири смртни случаи, а веќе вчера имаше 1001 нов случај со девет починати. Некои грчки портали шпекулираат дека е можно Грција веќе во август, кога се очекува целосна доминација на индискиот сој, да се одлучи за нови силни рестрикции, па дури и затварање на некои од границите.