Султанот ќе ја напаѓа Албанија
Султанот Ердоган и се заканува на Албанија. Ќе биде послушна или ќе трпи санкции.
Турција уште еднаш испрати барање до Албанија да ги испорача сите лица кои Анкара ги смета за терористи и предупреди на опасноста по премиерот Еди Рама.
Тој е во опасност од организацијата ФЕТО предводена од турскиот дисидент и проповедник Фетула Гулен кога турските власти го прогласија за „најбаран терорист“.
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин повтори дека ФЕТО успева да се инфилтрира во државните институции и претставува голема опасност за сите земји во кои работи.
Албанските власти работат со нас важна работа во борбата против ФЕТО. Оваа терористичка организација успева да манипулира со институциите на земјите во кои се шири и работи. Знаеме дека оваа група работи на влошување на односите меѓу Турција и Албанија, рече Калин.
Калин го извести албанскиот премиер Еди Рама дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвува за официјална посета на Албанија во наредните месеци.
Албанија планира да купи беспилотни летала во вредност од осум милиони евра од Турција за да ја зајакне безбедноста.