Бугарски лудории!

Балкан, Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија бара власта на Македонија да се огради од опозицијата на Македонија! Тоа го може само бугарско министерство. Вакви лудории не се забележани во ниту една земја во светот.

Бугарија најостро осудува изјавата на младо момче, обичен граѓанин Драган Ѓуровски, кој замислете бил дури член на Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното МНР констатира дека момчето упатило, замислете навредливи и лажни тврдења и вулгарни квалификации кон Бугарија и кон нејзиниот народ. Па има ли поголемо лудило од бугарското МНР кое реагира на изјава на граѓанин на Македонија. Велат дека со тоа се насочува омраза кон нивната земја. Што се случува со „европска“ Бугарија? Има ли таму некој нормален?

„Ваквите провокации се косат со сите основни европски принципи и норми на политичко однесување. Тие се симбол на стереотипите наследени во минатото, кои се спротивни на декларативните заложби на Република Северна Македонија и на нејзиното општество како желба да ги споделат европските вредности и да се приклучат на заедничкото европско семејство“, стои во реакцијата.

Во својот говор, младиот член на партијата „зборува со омраза кон Бугарија“.

„Ние нема да преговараме кој е Гоце Делчев и на кого припаѓаат Илинденците. Дали заборавија на Букурешт од 1913 година, кога ги проширија своите граници на сметка на Македонија и започнаа со асимилација, денационализација и депортација … Нема да има промена во историјата по волја на татарските фашисти … Оваа одвратна бугарска рака ги удираше Македонците … Тие тврдат дека имаме заедничка историја. Секако дека имаме. Ова е неоспорен факт. Единствената заедничка историја се црвените“, рекол Ѓуровски, цитиран од БГНЕС.

https://www.facebook.com/watch/?v=535289930937493

Дали во Бугарија има лек за ова колективно лудило во кое се влезени? Држава да напаѓа младо момче, граѓанин на друга држава, зашто не мислел исто како Бугарија? Дали Бугарија се има побркано и влезени се во филмот од 1942 година? По се изгледа дека е така!