Халкидики дружба на Заев и Ципрас

Живот, Забава

Халкидики станува се поатрактивен за македонските политичари. До степен да последните години се изнаслушавме приказни за разни халкидики дружби. Дружбата на Заев и Ципрас беше јавно соопштена.

Поранешниот премиер Алексис Ципрас откри дека премиерот Зоран Заев ќе му биде гостин за време на летниот одмор што ќе го помине на Халкидики. Двајцата здружено на Халкидики се очекува да најдат решение за многу прашања, вклучително и за тоа како да се имплементира Преспа. За приватниот дел не се интересни.

Лидерот на СИРИЗА рече дека двајцата протагонисти на Преспанскиот договор таму ќе ја имаат следната средба, на која ќе евоцираат спомени. Колку добри спомени имаат, најдобро почувствувавме ние Македонците.

– Знам дека го поминува одморот на Халкидики и се договоривме годинава да  се сретнеме порелаксирано. Веројатно и да се потсетиме на тешките моменти и да поразговараме за иднината , затоа што колку што постигнавме досега, да постигнеме уште повеќе во иднина – рече  Ципрас.

Што значи тоа порелаксирано и дали тоа повторно ќе го плати Македонија, останува да почекаме Зоки да заврши со одморот на Халкидики.