Богојески со реакција на изјавата на Заев за ЕУ: „после онадење нема каење“!

Македонија, Политика

„Зоран Заев на браникот на татковината! Ама касно се сети, после онадење нема каење“, изјави лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески. Тој реагираше на дешениот одговор на премиерот Заев, на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, зошто нема почеток на преговори со ЕУ, кога тој тврдел дека Преспанскиот договор ни гарантира членство. Тој додаде, „незнам дали премиерот го изгубил разумот, но дефинитивно нешто се случува со тој човек!“

Нема кој да влезе во ЕУ, затоа што мнозинството народ во државата се Македонци. Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, рече премиерот Зоран Заев

– Не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што ќе бидеме обезличени. Истите вие кои велите дека отиде Заев во Софија да направи ново предавство, истите вие велите зошто не испорачавте членство во ЕУ. Кои се всушност вашите ставови? Да го штитиме македонскиот идентитет или по која било цена да направиме договор со Бугарија за да можеме да станеме членка на ЕУ – праша Заев, кој ги нарече опозиционерите квази-патриоти.

После потпишан договор, после промена на име, после скандали и обесчестување на нашиот народ, после симнати гаќи, касно е Заев да говори за национално достоинство! Тоа е срушено, пепел е направено. Се дадоа, ништо за Македонија не донесоа“ – смета Богојески

– Се фалат со НАТО, а ние во НАТО влеговме уште во 2008 година благодарение на претседателот Буш. Само формално се чекаше отстранување на проблемот со Грција. Жалосно е што во тој пакет не ја ставија и ЕУ, за Македонија да имаше достоинствена иднина и оправдување за направената загуба со Преспански договор, изјавува Богојески.

– Вториот дел, во кој се осврнуваме во патоказот е интензитетот на состанување на историско образовната комисија, без да се прецизира за тоа што Комисијата разговара оти таму членуваат експерти. На едно место каде што се спомнува македонскиот јазик, стои дека се работи за два слични, но различни и меѓународно признаени јазици – вели Заев.

Тој рече дека не се започнати преговорите со ЕУ, поради внатрешната состојба во Бугарија, која нема политичка влада и нема конститутиран парламент. Заев верува дека во периодот што следи, ќе продолжат разговорите со Бугарија.

Мизрахи рече дека не е задоволна од одговорите на Заев и оти дали Бугарија има или нема парламент, не е наша работа, туку нивна. Таа рече дека Бугарија има Декларација во која се исцртани бугарските црвени линии.

Ајде ние да ги исцртаме нашите црвени линии, да имаме Декларација -, нагласи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека по 30 години независност поради Заев и политиките на власта, граѓаните треба да шепотат во сопствената земја дека се Македонци.

– Ја искрвавевте и земјава и луѓево во компромиси за датуми во стилот на „не оваа среда ама наредниот петок“ и еве сте денес тука, во законодавниот дом и јас немам зборови и не знам зашто сте вие тука? Лоша била ЕУ. Па каде не носевте преку крвави компромиси цели четири години? Во лошата ЕУ? Да ве потсетам дека не донесовте во агонија на државно обезличување со тоа ветување. Престанете да го навредувате и народот. Престанете да ја навредувате Македонија – вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека на Заев секогаш некој друг му е крив, до завчера тоа било ВМРО, а од вчера ВМРО и ЕУ, па државата ја претворил во северна творба, и го навредил и понижил народот за денес да шири ЕУ-скептицизам. Мизрахи во неколку наврати нагласи дека со потпишување на Преспанскиот договор, Заев ветил членство во ЕУ.