Заев чисти бранковисти пред локални

Изјави, Политика

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, е познат кадар на Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ. Тој е познат како бранковото дете од градоначалниците на СДСМ. Токму тоа е прилината актуелниот лидер Зоран Заев да го тргне од листите на кандидати за градоначалници. Заев решил да ги исчисти сите бранковисти од функционерски изборни места.

Самиот Богоев ја признава акцијата на Заев, и вели дека во иднина постојат шанси да биде дел од централната власт. Таму е дозволено за бранковисти, под контрола на Заев. Може да бидат разрешени од извршни функции секој момент.

Ова еден од најмладите градоначалници во Македонија го одговори на прашањето на „Вечер прес“ на тоа дали повторно ќе се кандидира за градоначалник на локалните избори кои ќе се одржат есенва.

Најпрво, во СДСМ во моментов, во тек е постапка за кандидати за градоначалници, но согласно мојот личен став, согласно предлозите, анкетите и партискиот договор што ќе го постигнеме ќе имаме финална одлука за кандидат за градоначалник на Општина Карпош. Повеќе опции се отворени. Едната е повторно да се кандидирам, но постои сериозна шанса да имам повисока функција во централната власт, гласи дел од одговорот на Богоев.

Според информациите од СДСМ, Богоев нема да биде единствено исчистен од листите. Секој кој во изминатиот период бил во комуникација со Бранко Црвенковски, ќе биде отстранет од градоначалничка позиција. За да не се случи скандал, ќе им бидат понудени други извршни позиции под будното око на Заев.