ВИДЕО: „Еци, пеци, пец…“ КОЈ Е КРИВ за пожарот на Универзална?

Македонија, Политика, СКОПЈЕ, Сцена

Освен тоа, негираше дека таа или било кој друг во Министерството за култура направиле неовластена интервенција во системот на јавни набавки за да бара одговори врз основа на кој проект е продолжена изградбата на Универзална сала и врз основа на кое мислење за сеизмичка стабилност и заштита беа преземени градежните работи.

Неколку часа по пресот на министерката за култура, во јавноста се обрати и градоначалничката Данела Арсовска.

Таа рече дека не е загрижена за најавите за тужба за неа од министерката Костадиновска и повторно и постави неколку прашања меѓу кои и тоа зошто не го пријавила пожарот на Универзална веднаш ако знаела за него уште во 9 часот, бидејќи повикот до противпожарната служба бил нешто пред 10 часот.

„Еве го прашањето кое што го поставив вчера, за кое што може слободно да тужи –  зошто ако осознала министерката за пожарот пред 9 часот истото не го пријавила. Напоменувам дека пред сите медиуми во текот додека траеше гасењето на пожарот на Универзална сала таа лично во изјава за медиумите истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот“, вели Данела Арсовска.

Пожарот во Универзална сала се случи на 9-ти овој месец  во кој изгоре се она што беше реконструирано а остана само конструкцијата на куполата. Веднаш истиот ден тројца работници беа приведени под сомнение дека работеле во моментот кога избил пожарот.