ДОБРО УТРО со Аматерката и сите функции и амбиции на ФилипЧе ХејтерЧе

Добро утро

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

 

СИТЕ ФУНКЦИИ НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ – КОГА ГИ ИМА Е КРОТКО ЈАГНЕ, А КОГА ГИ ГУБИ Е ГЛАСЕН ХЕЈТЕР

За нештата да бидат појасни, добро е  да се потсетиме на некои ликови кои се обидуваат да се претстават на јавноста како многу „поштени и чесни“ па мислат дека имаат кредибилитет  да хејтаат се што ќе им помине пред очи. Еве зошто е тоа така. Овој лик конкретно е за сериозно посматрање со оглед на своето однесување во минатото кое придонело за моменталното негово однесување. ФилипЧе во  1997 беше претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот статус е  кротко јагне.

Народен пратеник станува во 1998 до 2001 година – статус кротко јагне. Малку му е на „чесниот патриот“ па во 2001  бара да биде и успева да замине  за конзул во Њујорк, арно ама поради недолично однесување, предизвикување јавни инциденти и поради незадоволителни резултати во работата во 2002 е отповикан од функцијата. Статус – кротко јагне, се надева на нешто плус.  Во 2003 се спобратимува со Марјан Ѓорчев. Петровски е дел од штабот на Марјан Ѓорчев, кој е кандидат за претседател на партијата. Потоа, тој му се придружил на Никола Груевски и станува дел од партиската комисија за надворешна политика.

 

Е тука веќе му се менува статусот и станува од кротко јагне во недефиниран статус. Така, во 2009 почнува налудничаво да се однесува и се спобратимува со Љубе Бошкоски и станува  член на партијата Обединети за Македонија, каде ја извршувал функцијата потпретседател на партијата. Статус – фрустриран Хејтер. Тука е зачетокот на хејтерското во него. Се осознава во 2010 и поднесува оставка поради несогласувања со партискиот претседател Љубе Бошковски. Статус – осознаен фрустриран Хејтер.

Лудилото му е на најјако за да во  2011 на  изборите  настапи со својата нова партија Демократска десница, со цел да му наштети на ВМРО – ДПМНЕ, но по изборниот неуспех (со сите двајца членови) ја припои партијата кон ВМРО-ДПМНЕ за да остане директорче на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Повторно се враќа на Статус – кротко јагне. Во 2012 е избран за заменик-директорЧЕ на Државната лотарија на Република Македонија, демек како најпаметен?! Не секако, партиски кадар. Статус – кротко јагне.

Во 2015 – успева повторно да стави кравата и е избран за директорЧЕ,  на Државниот архив на Република Македонија. Статус – кротко јагне. Почнува лудилото повторно и во 2016 добива амбиција за професор, за жал обидот неуспешен. Во Билтенот на УКИМ под број 113-01.11 од 2016, стои дека рецензентската комисија го повлекла доставениот и објавен реферат за избор во звање виш научен соработник на Филип Петровски, поради процедурална грешка на одговорните(управните) органи на ИНИ во врска со член 39 од Правилникот за критериуми и постапка за избор на наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и асистенти-докторанти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Статус – недефиниран тој си знае што се обидел да направи.

Во 2017 – Во јуни, Петровски е сменет од функцијата директорЧЕ на Државниот архив на Република Македонија. Се појавува амбиција за претседател на партија. Се амбицира и кандидира  на Конгрес на ВМРО- ДПМНЕ. Статус – амбициран, фрустриран Хејтер. Не успева па во  2018 сака да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ преку Демократската фракција, мотивиран и помалку исфрустриран од Реформаторите кои уште во 2017 година го отпочнаа процесот на реформи во ВМРО ДПМНЕ. Статус – лузерски фрустриран Хејтер.

Лудилото му се покачува на најјако во 2019 и ќинисува со Јанко Бачев и Палчо, овојпат амбициите се зголемуваат, ќе станува претседател на држава. Статус – амбициран, фрустриран Хејтер. Секако не успева. Во  2020 е  во исчекување на оставка од Мицкоски, активно хејта со цел да изнуди, како и во минатото, да стане некое директорЧЕ! Статус – фрустриран лузерски Хејтер.

Доаѓа 2021 – понуда НЕМА! ФилипЧЕ се става на најјако! Продолжува со хејт, помагајќи на Заев, „ јаде ќотек’’ па се претставува и како жртва како следен од македонската тајна полиција и за него било отворено политичко досие со шифрата „Марта“, Статус – фрустриран лузерски  Хејтер.

И во 2022 – понуда НЕМА! Нема од кај Мицко нема ниту од Зајко ама има бесплатни минути со Васко Ефтов да беседи до безсвест. Взаемни односи – Евтов за следачи, сосема легитимно од тоа живее а тој да си ја „чеша крастата‘‘ и тоа сосема легитимно со оглед на изминатите турбулентни политички контаминации. Статус – екстра фрустриран Хејтер.

Во  2023 – го фаќа љубомора и почнува да се фрустрира од Ефтов па се спобратимува со НИнфомакс, и почнува да беседи во својата сајбер – команда ама бидејќи е недоречен продолжува и како гостин еднаш неделно или повеќепати по потреба во Тешки – Бош муабети. Статус – екстра фрустриран социопатски Хејтер.

Во 2024 – продолжува… во принцип темите се хејт и чешање „краста‘‘, фрустрација и отстрел по нарачка, на најдолно ниво. Тука се наоѓа себеси, засега со сродни души бивши  на братот љубе и возљубени во Палчо. Сакал и тој „чичин“ да станел. Со оглед на тоа како овој лик функционира, нема позиции, никој ништо не му нуди, за брзо време се очекува да му проработи фрустрацијата и да ја расипедружбата и со НИнфомакс! Статус – екстра фрустриран Хејтер, налик на психолошки нарушена личност.

И овој лик денес без срам  зборува за партиски функции, ги хејта сите претходно спомнати со кои бил спобратимен во определено време за определени лични амбиции. Овој лик зборува за патриотизам?! Кој негов претходен политички потег е од патриотски побуди, а да нема личен бенифит?! Нема таков. Или е директорЧе, партиски функционер, конзул, пратеник или влегува со претходна амбиција за функција! Што е тука патриотско, ти се молам!? Патриотско е можеби моменталново „одработување“ за двоглавава влада СДС-ДУИ да остане на власт? Со оглед на неговото минато се повеќе  се потврдува тоа.

После сето ова ФилипЧе, АКО НЕ Е ЗА ПАРИ, ПАТОЛОГИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ!