
ИPИ: Дojде живoт самo за 1% од грaѓaнитe
Американскиот Меѓународен републикански институт ИРИ публикуваше анкета за состојбите во Македонија, спроведена во првиот квартал од 2021 година. Резултатите се неочекувани.
Во поглед на перцепцијата на граѓаните на нивната лична економска положба, особено на нивното семејство, процентот на оние кои се изјасниле за многу лоша состојба од 11% во 2020 година се искачил на 20% оваа година. Тоа значи сиромаштијата под власта на СДСМ пораснала за цели 9%, што е невидено во изминатите децении.
Расте и бројот на оние на кои дополнително им се влошила економската ситуација. Ако во 2020 година околу 32% живееле лошо, оваа година процентот се зголемил на 35%. Поразително е и кај граѓаните кои во 2020 година кажеле дека состојбата им е прилично добра, 51%. Оваа година тие опаднале на 42%, што значи премината е црвената линија на економска издржливост на граѓаните. Ако повеќе од 50% живеат во недоволно добра економска состојба, тоа повикува на итна одговорност на Владата.
Само 3% од граѓаните ја подобриле својата економска положба. Тоа се оние новопечени богаташи од власта, кои се богатат преку местење на тендери. Дури и кај нив состојбата е влошена. Минатата година се богателе 5% од луѓето на власта. Тоа значи дека бизнисот се затвора се повеќе во рацете на едно семејство или една екипа на власта.
Во поглед на семејната економска положба, граѓаните се повеќе незадоволни. Бројот на оние на кои состојбата не им се променила од 58% паднал на 45%. За сметка на тоа, драстично расте бројот на граѓаните чии семејства живеат во се поголема економска беда, околу 28% за разлика од 14% минатата година.
Скандалозно е што дури на 15% од популацијата драстично им се влошила економската ситуација во семејството за разлика од само 5% минатата година. На оние на кои делумно им се подобрувала 19% во 2020 година, сега опаѓа на само 10%. Само 1% од граѓаните имаат подобрена семејна економија, а тоа е врхушката на власта.
ИРИ потврдува дека „дојде живот“ само за 1% богаташи на СДСМ.