
Скандал: Заев „ич не го интересирало колку Македонци има“
Повеќе од скандалозен настап на партиска трибина на СДСМ од премиерот Заев во Дебар.
Во обид да го објасни неговото „пропаднато општество за сите“, премиерот Заев изјави дека „ич не му е гајле колку Македонци има во државата… Албанци, Турци…“. Тоа значи дека премиерот воопшто не е загрижен за трагедијата на Македонците муслимани и асимилацијата која се врши врз нив. Воопшто не е загрижен за огромната емиграција во странство, особено на младите од дебарскиот крај.
Премиерот се одлучил да прави попис на населението во септември, без разлика што неговата методологија е спротивна на стандардите на ЕУ. Особено што таков попис само ќе ја бетонира асимилацијата врз Македонците од западна Македонија.
Каков е тој политичар кој не е загрижен за непостоење на основни човекови права, особено правото за школување на мајчин јазик на Македонците од дебарско – струшкиот регион. Нема грижа за отселување на младите, токму поради тоа насилство врз нив. Што се случува со Зоиран Заев?