Дали знаете: Македонец ја создаде Србија!

Дали Знаете

Дали знаете ?

Пишува Гордана Јанакиевска

Дали знаевте дека Македонец ја создаде Србија!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ… кој е „чок акал’лија“ =многу умен, Ичко Македонецот. Во февруари 1804 година, Србите не можеле веќе да го издржат теророт од одметнатите турски јаничари и го дигнале Првото српско востание. Водачот на востанието Ѓорѓе Петровиќ – Караѓорѓе набрзо ги фатил и убил дахиите, а потоа неговата војска го зазела Белград и се судрила со некои турски команданти а Селим Трети притиснат од Русија, ги запрел воените дејствија и прифатил да преговара.

Како претставник на Караѓорѓе, во Истанбул пристигнал Петар Ичко. Тој зборувал германски, српски, руски, турски, грчки јазик и македонски, а роден бил во Воден. Откако пристигнал Ичко во Истанбул, Султанот на своите луѓе им рекол после дваесетина дена, без оглед како ќе одат преговорите, да го отрујат Ичко. За смртта на Ичко да не падне вината врз Турција, кај странските претставници веднаш да прошират вест дека човекот што дошол изгледа блед како да носи некоја скриена болештина во себе. Минало месец и пол а рускиот претставник во Истанбул прашувал, зошто уште нема договор и го зголемил притисокот. Султанот ги собрал свои луѓе и ги прашал, зошто сѐ уште не го отруле каурот?

Тие му одговориле дека едноставно не можат да го отрујат дека Ичко јаде само варени јајца, сам си ги купува, сам ги вари, сам ги лупи и веднаш ги јаде. Султанот предложил да му стават отров во шербетот, во чајот, во водата, му одговориле дека пие само вода, и тоа, одејќи по улиците на Истамбул, купува од случајни продавачи, а никој однапред не знае по која улица ќе оди и од кого ќе купи вода.

Тогаш Султанот се согласил да се заклучи мир и така е постигнат тнр. Ичков мир. Кога Султанот му го испратил договор со својот печат, во пропратното писмо, покрај честитките за мирот, напишал дека Ичко што му го испратил, се покажал „чок акал’лија“ – што значи многу умен. Во српската традиција ова е извртено и е претворено во чокалија, а употребата на тој збор за Македонците значи дека Србите добро знаат дека Ичко е Македонец.