
МАЧЕНИЦИ НА НАЦИЈАТА во гроб, ТЕРОРИСТИТЕ од Диво Насеље на слобода
Денеска се навршуваат осум години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.
Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на Мачениците на нацијата и Бранители на Македонија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.
Други 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.
Куманово два дена живееше во страв и неизвесност, во услови на терористички напад на терористичката организација учк.
Маченици на нацијата, Бранители на Македонија, никогаш нема да бидете заборавени! Вие сте идоли на нашата генерација, во Ваше име, битката за Македонија жестоко ќе ја продолжиме! – истакна лидерот на партијата Македонски Концепт, Петар Богојески.
Денес сме сите ние синови на Вашите мајки, кои родија такви јунаци, херои низ историјата, какви Македонија одамна не памети. За тие Мајки на нацијата, ќе покажеме грижа како за нашите родени мајки и за нашата заедничка мајка Македонија. – истакна тој.
Во меѓувреме пристигна веста дека, актуелната власт на ДУИ и измеќарите од сдсм, заедно со министерот за неправда Кренар Лога од редовите на албанска алијанса, одлучиле да ги ослободат од затвор 13 терористи од т.н. Кумановска група.
Тие сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, а ќе бидат ослободени и префрлени на Косово.
Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за неправда во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.
Ова е скандал од епохални размери, каде терористите ќе бидат ослободени, што значи целосно суспендирање на правдата во земјава и владеење на хаосот!
Кој сака може да дојде во Македонија и да не убива, а потоа да биде ослободен. Ова не смее да помине!
Според Богојески, доколку истото се случи, тоа ќе ја наруши безбедносната ситуација во земјава, ќе предизвика граѓански немири и ќе повика на македонски ектремизам, кој ќе биде опасен не само за власта, туку и за етничките албанци во земјава.
Тоа нема да го дозволиме, а сите оние кои се потпишале на таква документација ќе бидат кривично одговорни и ќе завршат во иста келија со терористите, ден после влегување на Македонски Концепт во Парламент!