СКАНДАЛ: ЉУБЧО и КРАСИ со поддршка на „патриотската“ Декларација за МПЦ – ОА

Балкан, Македонија, РЕЛИГИЈА

Бугарските интереси и агентури во Македонија, во дирекна корелација со руските измеќари во земјава, започнаа акција за пречување на признавањето на македонскиот карактер на древната Охридска Архиепископија од страна на Вселенската Патријаршија, на месец дена пред историската комисија со Бугарија да прифати бугарски карактер на нашата Црква.

Дирекни учесници во акцијата за бугаризација на Охридската Архиепископија се ВМРО БНД на Каракачанов во Бугарија и ГЕРБ на Бојко Борисов, ВМРО НП на Љубчо Георгиевски од Македонија и зајковото бугарско крило на СДСМ на чело со академикот на зајко, избугарената партија на Петар Колев ГДУ, т.н. наводно партија Десна на рускиот измеќар Палчо Палески (регистрирана со потписи и поддршка на зајко), други руски измеќари во ВМРО ДПМНЕ и останати структури, меѓу кои за жал и во редовите на МПЦ – ОА.

Декларацијата е наводно за заштита на името на МПЦ – ОА, а целта е да се добие во време, да се поколеба Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први да потпише Томос за македонизација на Охридската Архипископија и да признае дека таа е дел од македонското историско и културно наследство, а во меѓу време академикот на зајко преку историската комисија со Бугарија да потпише дека таа има всушност бугарски карактер и е бугарско историско и културно наследство.

За таа цел, Бојко Борисов беше на итна посета на Цариград, со цел под присила да го спречи потписот на Вартоломеј во македонски интерес. После неуспешна мисија, Бугарија побара помош од Русија, која со цел да им помогне, ги активираше руските агентури во Македонија да прават се што е можно, само да се спречи признавањето на македонскиот карактер на ОА.

Руските агентури, наводно декларирани како опозиција ја започнаа акцијата низ македонската дијаспора, пред се во логистичка поддршка на т.н. Светски македонски конгрес на Тодор Петров, но истата доби и домашна реакција, каде на Македонците им се претставува како врвен патриотски чин потпишување на таа Декларација за наводно заштита на името на МПЦ – ОА, кое предавниците и соработници на Калето сакале да ги избришат во соработка со Грците.

Откако акцијата не го доби потребниот одзив во јавноста, ниту поддршка на граѓаните, руските агентури се покажаа како немоќни и безвредни, следно беше да се активираат дирекно бугарските агентури во Македонија, на чело со Љубчо Георгиевски и останати кругови низ земјава.

Бугарското влијани врз Владата на ДУИ, поддржана од бугарската секција на СДСМ на зајковци е толкаво големо, што дури државната институција Државната агенција за иселеништво, управувана од кадарот на ВМРО НП на Љубчо Георгиевски, преку својата интернет страница, дирекно и јавно ја поддржа бугарската нарачка, т.н. Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА.

Оваа декларација е поставена на интернет страницата на Агенцијата, која е државна институција, а нејзинот директор го назначува владата на ДУИ со поддршка на СДСМ – бугарска секција, по предлог на ВМРО НП.

Зошто и поради кои причини државен орган дава поддршка за ваков документ, нема образложение. Декларацијата е поставена на интернет страницата на 31 март, речиси идентично во периодот кога беше лиферувана во јавноста.

Оваа декларација што ја нуди една политичка партија и во идентична форма и Владиката Петар предизвика остри реакции, пред се поради контекстот бидејќи таа има за цел да спречи целосно признавање на МПЦ-ОА за автокефална црква и да остане заробена во рускиот православен свет.

Најинтересно е што директор на оваа Агенција е Слободан Близнаковски, кадар на ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски. Токму Георгиевски и неговата партија се нагласни во критиките за србизација на државата и нејзино заробеништво во руско-српскиот свет.

Истиот тој Слободан Близнаковски е познат како човекот на Каракачанов во Македонија и секогаш е редовен говорник на сите конгреси на партијата на Каракачанов во Бугарија. Тоа може да го забележите од последната фотографија, на која тој зборува за бугарскиот карактер на Македонија, а е директор на македонска Државна Агенција за иселеништво.

Истиот кадар на Љубчо и Каракачанов се обидуваше да изврши влијание врз владиката Партениј Бигорски, со цел да спречи признавање на МПЦ – ОА од страна на Васеленската Патријаршија, а да се остави ОА на бугарите. Наводно бугарската црква БПЦ ќе ја признаела македонската Црква со име МПЦ, доколку ОА им ја дадеме на бугарите.

Откако му беше покажан патот, Слободан Цобе Близнаковски влегува во иста акција со Палчо и застануваат на страната на новото име за МПЦ – ОА, дадено од бугарите пред сите Цркви, а тоа е Православна Црква на Северна Македонија – ПЦСМ. На таа мисија добиваат поддршка и од неколку руски структури во македонската опозиција.

Во меѓу време, академикот на зајко веќе најави дека се пред договор со бугарската историска комисија за ОА и дека на следната средба тоа прашање ќе се затвори, по формулата дека Охридската Архиепископија била историски бугарска црква, а културолошки била значајна и за Македонија. Ова нема никава поткрепа во историската вистина, но претставува огромно предаство на македонските национални интереси, поголемо и од промена на името.

Потребна е итна мобилизација на сите македонски институции, но пред се граѓаните, со цел да биде спречена оваа бугарско – руска акција и успешно да се заврши процесот на целосно признавање на МПЦ – ОА.