ПОВТОРНО ГРАБНАТО ДЕВОЈЧЕ од Гази Баба – СОС Детско село

Хроника

Маж и жена во текот на вчерашниот ден грабнале девојче од СОС Детсткото село на подрачјето на Гази Баба.

Според информациите од полицијата, девојчето имало здравствени проблеми и било грабнато од лицата во кругот на установата.

За случајот, алармирала вработена во Детското село.

Полицијата го пронајде и приведе мажот, додека по жената се трага.

Девојчето е вратено во установата, а Центарот за социјални работи е известен за случајот.