ГРЦИЈА против БУГАРИЈА, објавија оригинален документ за Македонците

ИСТОРИЈА, Македонија

На социјалните мрежи се појави оригинален фототипен документ за ГРЧКИ ПОПИС ОД 1928 –  на кој МАКЕДОНЦИТЕ се ВТОРИ ПО БРОЈ НАЦИОНАЛНО ОПРЕДЕЛЕНИ

Под притисок од меѓународната заедница, грчката држава била принудена да изврши попис на населението, на кој сите жители сами ќе се изјаснат како етнички се определуваат, и да ги објави резултатите.

Грција објавува такви резултати во 1928 година, но граѓаните ги дели по јазикот кој го зборуваат како мајчин јазик. Според него околу, 80000 грчки граѓани зборуваат македонски јазик (на табелата – „македонски“). Секако Грците дополниле славо – македонски, но јасно издвоен од бугарскиот јазик.

Секако податоците се менувани со намера да се намали бројот на етничките Македонци кои во тоа време живееле во Грција, а ги имало околу 300000 Македонци, но многу од нив се регистрирани како Грци.

Иако станува збор за времето на владеење на грчката хунта, во секој случај, овој попис признава постоењето на Македонците и македонското малцинство во Грција, вклучително и македонскиот јазик.