
СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Второто бугарско царство било ВЛАШКО – КУМАНСКО
Бугарската фалсификувана историја од времето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков и неговиот луд историчар Божидар Димитров, започна да се распаѓа како кула од карти.
Имено, бугарските историчари – фалсификатори, тврдат дека во средниот век постоело т.н. Второ бугарско царство, кое било директен наследник и продолжувач на државноста на Првото бугарско царство, иако помеѓу двете има период од повеќе од 250 години непостоење на бугарска држава.
За скандалот да биде поголем, светската наука докажа дека т.н. Второ бугарско царство било основано во 1186 година од страна на браќата Асан и Петру од влашко-куманско потекло. Значи станува збор за создавање на нова влашко – куманска држава, а не за некакво второ бугарско царство. Значи бугарските фалсификатори украдиле историја на една цело Царство / држава од среден век и го нарекле бугарско. Кој срам!
Бугарите буквално на ист начин на кој сакаат да го украдат целото Македонско Царство од Самуил, го украдиле Влашко – куманското од Асан и Петру.
Во почетокот на владеењето на Јован Асан I и Петру, додека не ја освоиле целата територија на старата дунавска Бугарија, во 1189/1190 г., секој од нив носел титула “Император на власите и најголем дел од бугарите” или “Император на власите и куманите”.
Поимот “влав” се однесува на романизираните Траки од Бугарија, додека куманите се турки народ, сроден со правите болгари, кои се турки. Во тоа време (крајот на 12 век, почеток на 13 век), поимот “бугар” се однесувал на турки народите кои ја населувале дунавска Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина), пред се куманите, болгарите и печенезите.
Подоцна, со целосното заземање на териториите од т.н. дунавска Бугарија, во 1204 г. царот Калојан се декларира пред римскиот Папа Инокентиј Трети како “Император на сите бугари и власи” (Imperator omnium Bulgarorum et Blacorum), а бугарскиот архиепископ ја носел титулата “Примас на цела Бугарија и Валахија Прима” t.e. totius Bulgariae et Blaciae Primas [History of the Byzantine Empire, A.A. Vasiliev, University of Wisconsin Press, 1964, p.442].
Тоа значи дека целата царска династија на Асеновците, за кои бугарските историчари до сега тврдеа дека се некакви си бугари, биле Власи и тоа дел од римјанизираните Траки или династија која по род била со многу слично потекло како Византиските Василевци / Императори.
Треба да наведеме, дека Македонија во 1204 г. не била окупирана од влашк0 – куманскиот цар Калојан, односно не била дел од тогашното царство за кое се тврди дека е бугарско. Тогаш останува нејасно, како тоа Калојан се декларирал за Император на сите бугари, кога Македонците не биле дел од неговите поданици?
Јасно е дека тој Македонците не ги сметал за бугари, па од тука се прогласил за Цар на сите бугари, но не и на Македонците. Многу јасно е дека Македонците не биле бугари, ниту сметани за такви од самите вистински бугари.
Подоцна, во 1221/22 г., бугарскиот цар Јован Асен II почнува освојувачки походи кон Македонија, при што бил многу суров кон Македонците; сите македонски градови, села и тврдини ги уништил и претворил во пустина, што е уште еден доказ дека самите средновековни бугари, не ги сметале Македонците за свој, истороден народ, туку за непријатели.
Најпознатиот византиски историчар од ова овреме, Глигора, за овој поход на бугарскиот цар Асен на Македонија пишува: «…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ούτω πάντα ‘ράδίως ό Ιωάννης κατέδραμεν άχρι θεσσαλονίκης και Μακεδονίας, όπόσα εκ κώμαις και πόλεσι και φρουρίοις , ν έρημίαν, το δη λεγόμενον, άποδείξας)» [Nicephori Gregorae Вуzantia hiѕtоria. I-еd. L. Ѕсhореnus, Воппае 1829, 16 (понатаму скратено Gregorae I; ГИБИ, XI, 125].
Зарем некој би го уништувал својот народ и својата сопствена земја? Но овој наводно бугарски μικρού напад бил со грабачки карактер, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели «најпосле го покорил и самиот главен град ν Солун, кој што е прв во земјата на Македонците… (έως και αυτήν ή της τ ν θεσσαλονίκην)» [Gregorae 1, 26; ГИБИ, XI, 125].
Токму ς έχειρώσατο μεγαλόπολιν τη ηται γη Μακεδόνων προκά овој податок А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» [ГИБИ,Х1,125 бел. 21], а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» [ВИИНЈ, VI, 153] (МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДЕЛОТО НА НИКИФОР ГРИГОРА – ВИЗАНТИСКИ ИСТОРИОГРАВ ОД XIV ВЕК- А. Атанасовски).
Како што може да се забалежи, македонските соседи, со “благи” корегирања на историските цитати, насекаде се трудат да го негираат македонското име и народ и вршат груби фалсификати.
Бугарија во Првото царство ја владејат исклучиво луѓе од турки-потекло, а во наводно Второто Бугарско царство тоа се од влашко – куманско потекло. Тие биле раководната и елитната структура на државата.
Словенизираните траки т.е. тракословените од Бугарија биле најбројна етничка група во државата, но, немале никаква власт; биле само крепосни селани, поробени од бугарите и нивните турки браќа, куманите и печенезите кои ја населуваа северна Бугарија т.е. вистинска дунавска Бугарија.
Бугарските еднородни турки народи меѓусебно соработувале, не само интерно од Бугарија, туку и на меѓународно ниво. Царот Ивајло (1277-1280 г.) во 1280 г. барал помош за одбрана на Бугарија од Татарскиот хан Ногај, од кој на крај бил и убиен. Во 1280 г. на бугарскиот трон доаѓа Ѓеорѓи Тертер Први, куман, а ќерка си ја омажил за синот на татарскиот хан Ногај.
Во 1299 г. на бугарскиот престол седнува синот на татарскиот хан Ногај, Царот TATAP Чака. Со еден збор, бугарите до 1878 г. и создавањето на новата бугарска словенска држава од страна на Русија, претставувале смеса на турки народи: татари-болгари, кумани и печенези.
Од 1878 г., Русија создава вештачка бугарската наводно словенска нација, која всушност нема ништо бугарско, освен што долго време овој словенски народ живеел под ропството на бугарите и останатите турки народи.
И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот “Бугарин”.