
ТРАГЕДИЈА: Хрватски научник ги ПОПАРИ Бугарите
Ватрослав Јагиќ, во своето дело Historija književnosti naroda hrvatskoga i srbskoga, Staro doba, 1867, го објаснува преплавувањето на Балканот во 9-тиот век од страна на азијатските Бугари, коишто тогаш зборувале туркско-монголски јазик.
Денешните Бугари, коишто се мешавина од азијатски племиња и наводно Словени, го презеле МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК, на којшто понатаму му го дале ДРЖАВНОТО име бугарски.
Во суштина, денешните Бугари зборуваат дијалект / варијанта на старословенскиот јазик, коишто само тие го нарекуваат „старобугарски“, а останатиот словенски свет и научната фела го нарекуваат старословенски.
Ова е во линија со тврдењето дека во основата на старословенскиот јазик се наоѓаат МАКЕДОНСКИТЕ говори од три села во околината на Солун: Сухо, Висока и Зарова, со тоа поставувајќи ја основата за МАКЕДОНСКАТА ТЕОРИЈА.
Еве што вели Јагиќ:
„Јазик. Рековме однапред, дека Константин (Кирил) го избрал оној јазик што се зборувал во неговата татковина (се мисли на Македонија, се разбира), за составувањето на буквите и преводите на светите писма; тоа беше наречјето на македонските Словени, за кои сите сведоштва, домашни и странски, сведочат дека се нарекувал словенски, па така се нарекувал и народот, којшто постоел тогаш во деветтиот век.
По што азијатските Бугари го преплавиле Балканот преку Дунав…; потоа им се раширила државната власт низ Балканот, низ Македонија и Тракија.
Кога МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК преовладал со целата бугарска држава како црквена светост (за Борис и Симеон), тие му дадоа државно име, нарекувајќи го јазикот бугарски.“