СЕ СЕЌАВАТЕ на љочето што ПУКАШЕ кон граѓаните? Влезе во власта!

Хроника

Дали се сеќавате на љочката што пукаше кон македонските граѓани, кои мирно протестираа против т.н. француски предлог пред неколку месеци?

Токму таа љочка е функционер на партијата на Арбен Серивари, наречена Алијанса на Албанците, која дирекно дејствуваше врз македонските правосудни органи убиецот да биде пуштен на слобода, зашто пукал со „плашливец“.

Неговиот шеф Арбен Серивари даде шокантна изјава – „Што бараат Македонците да поминуваат во албански територии во Скопје?“

Тогаш поддржувачите на власта направија сеир за кавгите во опозицијата и фактот дека во тој момент таа партија АА на Таравари беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Е проблемот се тие двојни аршини во земјава!

Сега на истите нив не им пречи тоа што љочката што пукаше кај Скендебег денес е функционер на власта, а неговите сопукачи станаа владини министри.

Остана ли нешто од образот во оваа земја???