ДРАМАТИЧНО: ОРБАН му откажа љубов на ПУТИН, не можел да победи

Европа

Орбан му откажа љубов на Путин, точно на годишнината од бракот / војната / во Украина!

Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори.

„Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна.

Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Твитер.

Денес (24 февруари) се одбележува годишнината од руската инвазија на Украина, односно „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува оваа воена интервенција.

Станува збор за класишна воена окупација на Русија врз самостојна, суверена и независна Украина, што е спротивно на меѓународното право!